Македонската заедница во Шпанија

Оваа секција е посветена на успешните приказни на Македонците кои живеат во Шпанија ,земја каде пронашле нов дом и простор за развој и раст.

Преку овие интервјуа им даваме простор на оние кои, со талент, труд и визија, успеале да изградат восхитувачки кариери во странство без да ја изгубат врската со своите македонски корени.

Претприемачи, уметници, научници, универзитетски професори, овие сведоштва ја прикажуваат разновидноста и богатството на македонската дијаспора во Шпанија.

Секција што инспирира, поврзува и нè прави многу горди.

Нена Трајчевска

Од маалските игралишта во Скопје, каде што ги направи своите први кошаркарски чекори, до спортските сали во Понтеведра, Нена Трајчевска изгради кариера обележана со дисциплина, труд и лидерство. Прогласена за Најдобра македонска кошаркарка во 2016 година, таа изгради успешна меѓународна кариера што ја одведе на кошаркарските терени во Германија, Шведска, Србија и Шпанија. По години поминати како професионален спортист, денес започнува ново поглавје поврзано со кошарката, овој пат покрај теренот, каде што своето искуство го пренесува како тренер. Во ова интервју со неа се навраќаме на најважните моменти кои го одбележаа нејзиното пристугнување во Шпанија, и предизвиците од настапувањето далеку од својата земја и на искуството да се изгради успешна кариера далеку од Македонија.

Клеопатра Филипова де Хорхе Падрон

Да се разговара со Клеопатра Филипова де Хорхе Падрон е како патување низ свет во кој зборовите природно и со емоција преминуваат од еден јазик на друг. Родена во Македонија, но истакнат филолог и преведувач во Шпанија , својот живот го посветила на промоција на македонската литература во земјиоте од шпанско говорно подрачје, отварајќи пат за поврзување на автори и читатели без оглед на границите.

Антонијо Тодоровиќ

Пристигнал во Шпанија мислејќи дека тука ќе остане само три месеци, но со текот на времето тој период се претворил во приказна која трае 26 години. За сето ова време, тој не само што изградил успешна кариера во ИТ секторот, туку и се запишал во историјата како првиот Македонец кој работел за клубот Реал Мадрид.

Димитар Стојанов

Македонската заедница во Шпанија изобилува со лични приказни за трудoљубивост, истрајност и успех. Денес разговараме со Димитар Стојанов, македонски економист кој успешно се проби на шпанскиот финансиски пазар.

Емилија Георгиевска Наневска

Емилија Георгиевска Наневска е успешен психолог, член на Официјалниот Колеџ за психологија во Мадрид. Своето академско образование го стекнува во Македонија, САД и Шпанија, а денес работи како терапевт по психотерапија и клиничка психологија во нејзината приватна ординација во Мадрид.

Маика Маковски

Маика Маковски е пејачка, текстописец и продуцент, позната по својот уникатен стил кој спојува рок, поп и електронска музика. Родена во Мајорка, но со македонски корени, денес ни раскажува малку за својата музичка кариера и за нераскинливите врските со македонската култура.