Активности

Проектот „Учиме македонски во Шпанија“ се состои од креативни детски работилници по македонски јазик, специјално дизајнирани за децата од македонската заедница , кои живеат во Мадрид. Овие активности промовираат јазичен и културен развој во забавна и инклузивна средина. Работилниците опфаќаат цртање, игри, приказни и учење на македонски детски песни. Нашата цел е да ја зајакнеме поврзаноста на децата со нивниот мајчин јазик и културните корени. Преку игра и креативност, децата уживаат во учењето и споделувањето со другите млади сонародници.

Во процес на изработка

Делење на новогодишни пакетчиња на нашите часови по македонски јазик во Мадрид

Оваа недела имавме многу посебна божиќна атмосфера на нашите часови по македонски јазик во Мадрид, исполнета со радост, возбуда и заедништво. Во прославата учествуваа децата од шпанско-македонската заедница кои редовно ја посетуваат наставата, уживајќи во пладне исполнето со игри, песни и активности во празнична и семејна атмосфера.

Како и секоја година, не изостана една од нашите најубави традиции: делењето на пакетчиња, симболичен гест кој ја претставува дарежливоста, благодарноста и желбата за споделување во овие посебни денови. Пактечињата беа донација од членовите на Здружението Сонце.

Не ги заборавивме ниту македонските детски новогодишни песни кои го направија часот уште поновогодишнен и  забавен, зајакнувајќи ги врските меѓу децата, семејствата и нашата заедница во целина, и поврзувајќи го учењето на македонскиот јазик со културата и обичаите што ги негуваме од година во година.