За нас

Шпанско - Македонско Културно Здружение „Сонце 🌞" е непрофитна организација  посветена на активности поврзани со промоција на македонската култура во Шпанија.

Го избравме сонцето како симбол на инспирација, креативност и енергија за македонската заедница во Шпанија и во исто време се стремиме да послужиме  како мрежа на поддршка и пријателство за сите шпанци вљубеници во македонската култура и традиција.

Културна различност во која секој ужива под истото „сонце“ на традицијата и уметноста.

Основано во 2024 година, нашето здружение има за цел да го промовира граѓанскиот активизам и културната размена преку различни активности, како што се работилници, изложби, конференции и настани во заедницата.

Нашата главна цел е да го збогатиме културниот живот на заедницата и да ги зајакнеме врските помеѓу Македонија и Шпанија и на тој начин да ја споделиме и славиме културата на двете земји 🇲🇰🇪🇸.

Во нашето делување сме отворени заедно да работиме со други организации и заедници за промовирање на културната различност и меѓусебното разбирање. Сметаме дека културата  има моќ да ги зближи луѓето, да го развие критичко размислување и да го негува чувство на припадност.