Традиционална новогодишна средба на македонската заедница во Шпанија

12.1.2025

Македонската заедница во Шпанија ја имаше својата традиционална новогодишна средба , обележана во духот на традицијата и заедништвото.


Настанот, кој се одржа во Мадрид, беше можност  македонците кои живеат во Шпанија, да поминат прекрасен заеднички ден , да се изградат нови контакти и да се одржат живи обичаите што ги спојуваат со нивната татковина.


На настанот присуствуваше и македонскиот Амбасадор во Шпанија, неговата Екселенција Едмонд Адеми, кој подели пакетчиња на најмалите. Децата од сите возрасти добија книги од македонски писатели. „Сакаме нашите деца да ја почувствуваат топлината на нашите традиции и да ја зајакнат врската со македонскиот јазик и култура, поттикнувајќи ги децата да ја истражуваат и негуваат својата традиција преку литературата, дури и кога живеат далеку од татковината, рече амбасадорот за време на неговиот говор, полн со добри желби и зборови на охрабрување за заедницата.

No items found.