14.12.2024
Краткометражниот филм „Прошетка“ на македонската режисерка Елеонора Венинова е прикажан на Меѓународниот филмски фестивал „La mirada tabu“ во Сарагоса.
Официјалниот натпреварувачки дел на фестивалот е составен од 55 кратки филмови, селектирани од повеќе од 4.000 дела добиени од различни земји, од Германија, Белгија, Бразил, Канада, Словачка, Шпанија, Франција, Иран, Италија, Македонија, Мексико, Португалија, Обединетото Кралство и Турција.
Филмот е веќе претставен на неколку меѓународни фестивали и доби одлични критики.