Концерт на македонската пијанистка Калина Мрмевска во Алкои

14.6.2025

Пијанистката Калина Мрмевска настапи на Меѓународниот пијано фестивал во Алкој, Аликанте, кој се одржа на 2ри јуни .За време на својот рецитал, таа изведе и дело од познатиот македонски композитор Томислав Зографски.


Калина Мрмевска е македонска пијанистка, признаена по својата виртуозност и посветеност на класичната и современата музика. Својата кариера ја започнала на 9-годишна возраст, освојувајќи награди на национални и меѓународни натпревари, а на 12 години го има својот дебитантски оркестарски настап со Македонската Филхармонија.  Добитник е на престижната награда ,,13ти Ноември" од градот Скопје. Една од нејзините најважни уметнички мисии е промовирањето на македонското музичко творештво.
Добитничка е на наградата „Џ. Бредли“ на универзитетот во Денвер, како и на наградата „Сталер“ на Универзитетот во Стоуни Брук каде што  се здобива со звање Доктор на пијано изведба под менторство на Гилберт Калиш.


Меѓународниот фестивал на пијано во Алкој, познат како Семана Гранде дел Пиано (Голема недела на пијаното), е престижен музички настан што се одржува секоја година во Алкој, Аликанте. Основан е во  2013 година од страна на Здружението на пријатели на музиката во Алкој.

No items found.