25.10.2024
Македонката Светлана Мојсов е добитничка на наградата „Принцеза на Астуриас“ за 2024 година, во категоријата за научно и техничко истражување, што ја доделува Кралското семејство на Шпанија.
Таа, заедно со уште четворица научници е наградена за нејзината улога во развојот на ефективни лекарства за справување со дијабетес како и ублажување на асоцијативни форми на патологии што го подобруваат квалитетот на живот за стотици милиони луѓе ширум светот.
Научните откритија што Светлана Мојсов ги направи во 80-тите години послужија како основа за еден од најреволуционерните лекови: Оземпик.
Светлана Мојсов, родена во Скопје, Македонија, даде голем придонес во откривањето на пептид-1 сличен на глукагон (GLP-1) и ја објаснила неговата улога во метаболизмот на глукозата и излачувањето на инсулин.
Светлана Мојсов е првата Македонка кој ја добива оваа престижна награда.
Нејзината професионална кариера е извор на инспирација за многу млади истражувачи, а нејзините достигнувања се гордост за македонската заедница.